spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Во тек е аплицирање за субвенциониран студентски оброк

МОН: Во тек е аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, за студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право до сега. Оваа можност е достапна секој месец и тоа од 20ти до 30ти, односно 31-ви во месецот.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата.

Досега, правото на субвенциониран студентски оброк го остварија над 27 илјади студенти на кои редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...