Почитувани,
Ве информираме дека во текот на следните денови, по барање на инвеститорот ЕВН – Македонија заради поставување на нова подземна електрична инсталација ќе се врши прекоп на неколку улици во населбата Влае.Трасата на ровот за подземниот вод е во должиона од 209 метри, а ќе води по улицата „Франц Месеснел“, потоа по тротоар на улицата „Петар Чаулев“ и по тротоар на улицата „Блаже Биринчето“.
Инвеститорот е задолжен да ја обезбеди трасата за безбедност на минувачите, а по завршување на предвидените активности подлогата да ја врати во првобитна положба.
По завршување на сите градежни работи општинската комисија ќе изврши повторен увид со цел да утврди дали квалитетно се завршени работите и дали подлогата е вратена во првобитна состојба.
Извор: Општина Карпош