Го примив новоименуваниот командир на полициската станица во Дебар, г. Дритан Бакали.
Му честитав на новата задача со надеж за плодна соработка за доброто на граѓаните. Редот и мирот во нашиот град се многу важни приоритети за мене како градоначалник и имам целосна доверба дека во овој мандат со максимална соработка ќе успееме да го воспоставиме заедно со граѓаните.
Командирот изрази подготвеност за соработката во оваа насока да биде безрезервна во сите предизвици и проблеми кои ќе се појават во текот на управувањето.
Останува на следните средби да се конкретизираат многу работи и проекти, особено составувањето на проектот за режим на сообраќај, категоризација на патишта, сигнализација, паркинзи и феноменот кражби и криминал воопшто.
Извор: Општина Дебар