По подготвителна фаза, започна фазата на имплементација на активностите поврзани со ажурирање на даночната база на податоци, обезбедени со пакетот техничка помош од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во општина Дебар.
Со завршувањето на овој многу значаен проект, сигурно ќе се зголеми ефикасноста на наплатата на даноците, што значи и зголемување на општинскиот буџет. Пописот ќе се одвива во руралните делови на општината (села) и во самиот град Дебар.
Извор: Општина Дебар