spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: „Учи паметно,работи стручно“-промоција за унапредување на средното стручно образование

Делчево: „Учи паметно,работи стручно“-промоција за унапредување на средното стручно образование

Bо рамките на кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ која ја спроведува Министерството за образование и наука со поддршка од Швајцарската амбасада во Скопје, во Делчево беше одржана средба на која учествуваа државниот секретар во МОН, Анета Трпевска, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, градоначалниците од Берово,  Ѕвонко Пекевски и од Македонска Каменица, Димче Атанасовски, директори од средните стручни училишта, како и претставници од бизнис-секторот од регионот.

На средбата беше потенцирано дека Министерството за образование и наука, активно работи на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и да ја зголеми можноста за вработување на младите.

-Се спроведува анализа за да се утврди  соодветноста на  постојните образовни профили кои ги нудат училиштата, како и на потребата од нови профили кои им се потребни на компаниите, но не се вклучени во наставните програми. Компаниите и нивните потреби од стручен кадар ќе имаат најважна улога при дизајнирање на наставните програми. Со цел да се идентификуваат, се повикуваат компаниите да земат активна улога во целиот процес преку давање предлози, сугестии и мислења како да се унапреди системот на средно стручно образование и кои наставни профили да се отворат во училиштата кои се во областите, каде што компаниите делуваат, потенцираше државниот секретар Трпевска.

Градоначалникот Трајковски кој се обрати на средбата направи паралела со цел и со факти да долови колку за една година се променија работите во средното стручно образование во Делчево.

-Ако минатата година, на ваквиот собир, зборував за проблемите со неатрактивноста на стручните насоки во делчевската гимназија, малиот број ученици и проблемот да се организира настава со едноцифрен број ученици, денеска на оваа средба отворено ќе потврдам дека овие проблеми се минато. Денеска во СОУ „М.М.Брицо“ во двете стручни паралелки, само во прва година, учат 37 ученици и за сите нив е обезбедена стипендија.  За прв пат, се отвори дуална паралелка за хемиско-технолошката струка, каде сите ученици добија стипендии од МОН, а во партнерство со комбинатот РУДИНЕ ММ, покрај наставата во училиштето, се одржува настава и во компанијата со која училиштето има потпишано Mеморандум за соработка.             За прв пат, од постоењето на гимназијата, фирми од Делчево стипендираат ученици во кожарско-текстилната паралелка. Оваа нова клима и соработка меѓу образовната институција и бизнис-секторот во Делчево го трасира патот на развојот и квалитетот на стручното образование, истакна Трајковски.

МОН, втора година по ред води дијалог на локално ниво за унапредување на средното стручно образование. Во учебната 2021/22 година бројот на дуални паралелки од 11 се зголеми на 97, со вклучени над 200 компании. Во овие дуални паралелки се запишаа 1.400 ученици, што е за 6% повеќе ученици во средно техничко образование. Променети се и политиките за стипендирање, односно учениците запишани во дуалните паралелки во средните училишта, добиваат месечна стипендија во висина од 3.500 денари.

Извор:  Општина Делчево 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...