spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и...

Град Скопје: Средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило

Советот на Град Скопје на вчерашната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини.

Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе.

Од овие средства ќе се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје.

Советиците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација. Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2.

Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на Урбанистички и Основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...