Не очекувам големо зголемување на цените на основните прехрамбени производи од 1 март од кога стапува на сила мерката за замрзнување на маржите во трговијата, а одмрзнување на производните цени. Согласно анализите на Министерството за економија и на надворешни експерти маржите кај трговците на големо и мало се толку големи што не верувам дека производителите ќе имаат толкаво зголемување на производните трошоци, кажа Министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во Топ Тема на Телма.
“Согласно нашите анализи во секторот трговија и консултации со надворешни експерти, податоците покажуваат дека маржите на трговците се многу високи што влијае на крајната цена на основните прехранбени производи. Досегашната мерка за замрзнување на цените на основните прехрамбени производи беше на товар на производителите, а многу помалку на товар на трговците. Како што и претходно кажав во време на пандемија и енергетска криза сите треба да бидеме солидарни во интерес на граѓаните”, kажа Министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во Топ Тема на Телма.
Министерот потенцираше дека анализата покажува дека 80% од трошоците паѓаат кај производителите но трговците покрај маржата која изнесува 15-20% имаат дополнителни трошоци кои ги додаваат на крајната цена кои изнесуваат и до 35%.
“Пример ако еден производ на полица изнесува 100 денари од таа сима 5% е ДДВ, околу 20% е просечната маржа или профитот тука влегува и дополнителна давачка за за рабат од 7,5% влегуваат и надоместок за комерцијална соработа, и 5% изложување на примарна позиција од 5% и сите овие давачки влијаат за зголемување на крајната цена на производот од 30 до 35%. Податоците од завршните сметки на најголемите ланци на супермаркети покажуваат дека во време на пандемија тие оствариле профити од 3, 5 и дури и над 8 милиони евра”, kажа министерот.
Бектеши посочи и дека во време на пандемија, трговците биле финансиски поддржани со различни мерки од Владата.
Министерот Бектеши повика во услови на криза со пандемијата да не се победи на сметка на граѓаните.
“А да напоменам дека во услови на пандемија истите тие трговци беа поддржани финансиски преку различни мерки од владата. Преку исплата на плати и друга директна финансиска поддршка. Во време на пандемија баравме сите да бидат солидарни и да не заработуваат во кризни времиња на грбот на граѓаните, a во случајов и на производителите, Согласно уредбата мора да напоменам дека во овие 10% ограничена маржа влегуваат сите теошоци кои дополнително ги додаваа” кажа Бектеши.
Меѓу другото, министерот Бектеши најави дека се подготвува закон за Нефер трговско практикување со што ќе се создадат критериуми според кои ќе работат маркетите и оние кои се синџири на поголеми пазари и мали трговци.
Со одлуката за ограничување на маржите се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.
Извор: Министерство за економија