spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Преку дијалог „Учи паметно, работи стручно“ во општините Крива Паланка...

МОН: Преку дијалог „Учи паметно, работи стручно“ во општините Крива Паланка и Куманово ги утврдуваше потребите на компаниите за стручни кадри

Втора година по ред Министерството за образование и наука, локалните самоуправи и бизнис секторот заедно ги детектираат профилите кои недостасуваат во македонската индустрија и економија, со цел правилно да се насочи уписна политика и за учебната 2022/2023 година. Денеска дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ продолжи во општините Крива Паланка и Куманово. Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу, рече дека многу е важно што конкурсот за упис нема да се изработува кабинетски туку согласно потребите.

„За нас, како министерство е многу важно да слушнеме на терен какви профили на работници им се потребни на локалните работодавачи и да ги поттикнеме да се вклучат во нивното образование, преку отворање на компаниите за учениците и реализирање практична работа. Само со заедничко креирање на наставните програми може да се продуцира квалитетен кадар, подготвен да одговори на барањата на пазарот на труд“, изјави Алиу.

Заменик министерот посочи дека над 90% од 400 компании што ги анкетираше министерството, изразиле желба да се вклучат и да помогнат во спроведувањето на дуалното образование, кое со децении успешно се спроведува во западноевропските земји, од каде што ние како држава црпиме искуства. Оттука и очекувањата дека и оваа година ќе има раст на бројката на дуални паралелки во средните стручни училишта.

Алиу потсети дека во тековната учебна година беа отворени 97 дуални паралелки во кои образовниот процес го следат 1400 ученици. Од нив, во општина Крива Паланка се отворени 4 дуални паралелки во машинска, електро и угостителска струка, а во општина Куманово 6 дуални паралелки во земјоделска, хемиско-технолошка и струката за лични услуги.

„Морам да напоменам дека покрај поголемата веројатност за брз работен ангажман по завршување на средното стручно образование, важен мотив за запишување во дуалните паралелки се и стипендиите кои ги доделува МОН за учениците во овие профили. Месечната стипендија за учениците во дуалните паралелки изнесува 3.500 денари, а тоа е добар приход кој можат да го заработуваат учениците додека се образуваат“, потенцираше Алиу.

Тој се заблагодари на Амбасадата на Швајцарија со чија партнерска помош се реализира дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ а на деветтоодделенците, кои наскоро ќе бидат пред одлука каде да се запишат по звршувањето на основното образование, им препорача да ги погледнат внимателно можностите што ги нуди дуалното образование, како од аспект на стекнување вештини и знаења кои овозможуваат полесно вработување така и од аспект на поголема подготвеност за студирање на некој од техничките факултети.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЖСПП: Меџити – Нема да се гради асфалтна база во...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ја посети индустриската зона Визбегово, каде се сретна со...