На потегот од населба Драчево (во правец на Пинтија на булеварот ‘’Борис Трајковски’’) интензивно се изведуваат градежни активности. Се работи за просторот наспроти големата трафостаница, во која изминатиот период избувна пожар и остана речиси цело Скопје без електрична енергија.
На таа позиција, изминатиов период се гради објект од поголем размер од непознат инвеститор, при што на овој објект не е поставена информативна табла. Ваквите активности се спротивни на Законот за градење, кој предвидува задолжително да има поставено информативна табла со име, назив, вид на градба, број и датум кога е издадено одобрението за градба.
Нашиот советник Донче Мишовски, на вчерашната седница на Советот на општина Кисела Вода го обелодени овој проблем пред градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и побара инспекциските служби во најбрз можен рок да извршат инспекциски увид.
Бидејќи се работи за објект во близина на жици со големо напојување, потребно е итно службите да утврдат дали ваквиот објект е во согласност со Деталниот урбанистички план, дали истиот ги поседува сите потребни документи за градба или можеби, објектот е одобрен со нечиј амин.
Извор: ЛЕВИЦА