spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: За првпат 1008 колеги ќе земат надомест за домашно дежурство

МВР: За првпат 1008 колеги ќе земат надомест за домашно дежурство

За првпат 1008 колеги во МВР ќе земат надомест за домашно дежурство, за што во месец јануари 2022 ќе се исплатат 1.400.000 денари.

Јануарската исплата ќе биде реализирана заедно со платата за месец февруари.

Со новиот Колективен договор помеѓу Министерството за внатрешни работи и репрезентативниот Македонски полициски синдикат заеднички испишавме историја во синдикализмот во РСМ и го потврдивме слоганот на МПС и МВР дека ‘Само преку дијалог се доаѓа до вистински решенија’.

Како раководство на МВР, ја остваривме целта којашто во 2017 година ја поставивме – квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди, неопходни за подобрување на условите на работа на вработените.

Продолжуваме со создавањето на подобри услови за полицијата за подобри услуги кон граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...