spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Министерот Бочварски на работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е....

МТВ: Министерот Бочварски на работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Хозе Луиз Лозано Гарсија

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во РСМ, Н.Е. Хозе Луиз Лозано Гарсија.

Министерот Бочварски го запозна амбасадорот Гарсија со инфраструктурните проекти во земјата, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.

На средбата се отвори и прашањето за  повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Барселона, која е ставена во мирување поради рестрикциите од ковид пандемијата.

„Регионалното поврзување е од голема важност за нашата држава, поради регионалната и интеграцијата во Европската унија. Инвестициите што ги правиме во изградба на патничката и железничката структура водат токму во тој правец, да обезбедиме модерни и безбедни коридори по кои ќе патуваат нашите граѓани, но и по кои ќе имаме ефикасна и брза трговска размена на стоки и услуги со регионот. Со амбасадорот разговаравме за нашите планови за инвестиции во патната и железничката инфраструктура и ги повикав  шпанските компании кои се заинтересирани да земат учество на јавните повици за реализација на истите.“ – истакна министерот Бочварски.

Тие ја потврдија заедничката соработка во делот на економијата и билатералните односи, со можност добрите односи меѓу двете земји дополнително да се продлабочат и интензивираат.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте