spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаРеализираните ИПА проекти на локално ниво се основа не само за локалниот,...

Реализираните ИПА проекти на локално ниво се основа не само за локалниот, туку и за регионалниот развој

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ беше во посета на општина Валандово каде имаше работен состанок со градоначалникот на општината, Перо Костадинов, по кој направија обиколка на институции кои имаат реализирани проекти, финансирани преку европските фондови и програми.

Вицепремиерот Маричиќ и градоначалникот Костадинов на состанокот разговараа за можностите за финансирање на проекти за локален социо-економски развој во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмите за прекугранична соработка на Република Северна Македонија со Република Грција и со Република Бугарија, како и останатите програми финансирани од ЕУ, меѓу кои и Еразмус +.

Градоначалникот Костадинов ги претстави досегашните успешно спроведени проекти на ниво на општината, како и следните активности кои се планираат, а се добра основа за локалниот равој, но и пошироко за развојот на Југоисточниот плански регион.

По состанокот, вицепремиерот Маричиќ го посети успешно реализираниот проект во детската градинка „Калинка“ финансиран во рамки на прекуграничната соработка со Грција, кој покрај придонесот за енергетската ефикасност и заштита на животната средина, придонесува и кон одржување на добри соседски врски. Во продолжение, вицепремиерот Маричиќ го посети и СОУ „Гоце Делчев“, каде се реализирани повеќе успешни проекти. Во рамки на програмата Еразмус + се искористени можности за обука и размена на искуства со своите врсници од Европа во делот на органското производство, со што се поттикнува и развива претприемачкиот дух кај младите.

-Ме радува посветеноста и темпото на работа на градоначалникот Костадинов во реализација на проектите финансирани со ИПА средствата. Сакам и во иднина да ве охрабрам на уште поинтензивно работење во реализација на ИПА проектите, особено со оглед на тоа што ќе следува период на интензивирана прекугранична соработка и нови партнерства. Тоа покажува дека Република Северна Македонија решително и забрзано чекори на европскиот пат, а преку ваквите проекти ја гледаме Европа во акција на локално ниво, рече вицепремиерот Маричиќ.

Притоа вицепремиерот за европски прашања посочи и дека она што Владата го прави во однос на евроинтеграцијата и сèвкупните реформи во земјата, се во насока граѓаните и локалните самоуправи вистински да ги почувствуваат и конкретните придобивки од евроинтеграцискиот процес и затоа се посветуваат и вложуваат енергија за поефикасно искористување на средствата од ИПА фондовите.

„Во претстојниот период како Национален ИПА координатор пред сè, ќе се посветам и на промовирање на проекти реализирани со поддршка од ИПА со цел да се поттикне и интензивира користењето на овие фондови и на локално ниво“, рече Маричиќ, додавајќи дека визијата на Владата е да се постигнат европски стандарди во локалните заедници и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Изјава и инсери:

https://www.youtube.com/watch?v=VzR3MrjIUmE

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...