spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Со новите проекти за социјална заштита ќе им помогнеме на ранливите...

МТСП: Со новите проекти за социјална заштита ќе им помогнеме на ранливите категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска се сретна со австрискиот аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика Харалд Фугер. На состанокот беше разговарано за проекти и активности на полето на социјалната заштита. Беа разменети и искуствата за услугата за поддржано вработување на ранливата категорија на граѓани, за младите во ризик и нивно враќање во образовниот и работниот процес, за заштита од семејно насилство, за измените во Законот за работни односи во делот на родителско отсуство и за мажите. Министерката Тренчевска посочи дека Република Австрија како пријателска земја е силен поддржувач на социјалните реформи и на интеграцијата во ЕУ и дека со потпишаниот меморандум за соработка, активно се продолжува соработка меѓу двете земји. Таа рече дека Законот за работни односи се усогласува со европските директиви.


„Со новиот предлог закон за работни односи ќе воведеме родителското отсуство со кое и таткото ќе може да се грижи за детето. Во моментот таткото има право да земе отсуство заради раѓање на детето, но тоа многу малку се користи. Со новиот ЗРО ова право останува и дополнително се предлага да има  денови кои задолжително ќе му следуваат на таткото, рече Тренчевска.

Австрискиот аташе Фугер информираше дека наскоро ќе почне да се  имплементира проект со кој мажите ќе бидат вклучени во негувателската професија.

„Пилотираме услуги на поддржано вработување во пет региони во Македонија. Овие проекти веќе се при крај и наскоро ќе почнат да се имплементираат. Со проектот „Втора шанса“, на младите луѓе кои се надвор од образовниот и работниот процес, ќе им се помогне да се вратат назад во системот. Тие ќе добијат  поддршка за стручно образование и вработување. Работиме и на проектот за борба против домашното насилство и за жртвите и за сторителите“, рече Фугер.


Министерката Тренечевска нагласи дека МТСП и Центрите за социјална работа активно работат на овoj предизвик и на  мулти институционалнит пристап за справување со родово базирано насилство, насилство врз жените и семејното насилство. Таа посочи дека во текот на оваа година согласно Истанбулската конвенција ќе се воспостават пет специјализирани сервиси за жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и дека се работи на воспоставување на електронски систем со кој сите информации за жртвата од пријавувањето па се до судската пресуда ќе бидат на едно место.

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте