spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: ,,Независна безбедносна служба на Собранието на Република Северна Македонија‘‘

МП: ,,Независна безбедносна служба на Собранието на Република Северна Македонија‘‘

Учествував на работилницата на тема предлог иницијатива за формирање ,,Независна безбедносна служба на Собранието на Република Северна Македонија‘‘, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка од страна на Владата на Швајцарија, а имплементирана од Националниот демократски институт, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија, Социетас цивилис.

Во моето обраќање, истакнав дека обезбедувањето на транспарентноста е од исклучително значење за секое демократско општество.

Токму затоа, при дефинирање на конкретниот модел на собраниското обезбедување и креирањето на конкретни законски одредби треба особено да се имаат во предвид ставовите на Европскиот суд за човекови права, согласно кои: изразот ‘‘пропишано со закон‘‘ во член 10 од Европската конвенција, не само што бара оспорената мерка да има правен основ во домашното право, туку се однесува и на квалитетот на конкретниот закон, кој би требало да биде до степен на засегнатото лице и предвидено во однос на неговите ефекти.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте