Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов заедно со Директорот на ЈП Исар засадија дрвја на првиот опфат од конзолата на ул. Васил Главинов.
Ветивме дека за секое паднато дрво поради градежните активности, ќе обезбедиме нови дваесет, а наредниот период во секоја населба ќе ја обновиме вегетацијата, затоа што мораме да се однесуваме кон природата со почит.
Една поговорка вели: “Оној што засадува дрво, засадува надеж”.
Извор: Општина Штип