Градоначалникот Општина Карпош Стевчо Јакимовски и директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Златко Перински вчера присуствуваа на отпочнувањето на изградбата на нова атмосферска канализација која започнува на раскрсницата од улиците „Кораб“ и „Мокра“ се до булеварот „Теодосиј Гологанов“ каде што ќе завршува во атмосферски колектор Ф1000.
Со овој значаен инфраструктурен проект кој е во должина од 375 метри, а во вредност од 13,9 милиони денари се решаваат атмосферските води од Жданец до улиците „Козле“ и „Кораб“ и се сливаат на „Јуриј Гагарин„, како и водите од Средно Нерези кои преку улица „Козле“ по слободен пад се слеваат на истото место поради што доаѓа до запушување на канализацијата при поројни дождови.
Со оваа инвестиција целосно се решава деценискиот проблем на граѓаните од улиците „Козле“, „Мокра“, „Кораб“ и „Јуриј Гагарин“. Инвестицијата е на ЈП „Водовод и канализација“.
Извор: Општина Карпош