spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВладата е прва по транспарентност и покажа пример за штедење по сите...

Владата е прва по транспарентност и покажа пример за штедење по сите ставки планирани во Буџетот

,,Денеска имавме состанок со Агенцијата за пристап до слободни информации од јавен карактер и ме радува тоа што Владата е прва на листатата на институции по транспарентност според нивниот извештај што тие го имаат подготвено. Се надевам дека така понатаму ќе продолжи”, рече заменичката на претседателот на Владата, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во емисијата ,,Топ тема” на ТВ Телма.

Во однос на набавките кои ги направила Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) која ги опслужува сите институции како Владата, Собранието и Претседателот на државата, таа оцени дека податоците се јавни и јасно може да се види на што се трошени средствата.

Таа подвлече дека во однос на трошењето на јавните средства е најважно дали постои злоупотреба на средствата, како тоа да се контролира и дали се намалени несуштинските трошоци.

Сите субјекти имаат обврска да се однесуваат одговорно кон општото добро, подвлече вицепремиерката Грковска, и додаде дека актуелната Влада покажа пример како се штеди по сите ставки во Буџетот и како се насочуваат средствата во програми за поддршка на граѓаните и стопанството.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...