spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Продолжува реконструкцијата на пешачките патеки во Градскиот парк

Град Скопје: Продолжува реконструкцијата на пешачките патеки во Градскиот парк

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат со активности за реконструкција и санација на пешачките патеки во Градскиот парк, со вкупна површина од 18.000 квадратни метри.

Во рамките на овие активности по налог од Град Скопје, дел од патеките целосно се реконструираат, се санираат оштетените патеки, а во некои делови се прават и нови патеки.

Реконструкцијата на патеките се реализира фазно, а во моментов се работи во вториот дел на Градскиот парк на потегот односно од крајот на ЗОО до Луна паркот, каде што се асфалтираат пешачки патеки на површина од околу 600 квадратни метри.

Градот Скопје продолжува со активности за одржување на постојната инфраструктура, изградба на нови патеки за рекреација на граѓаните, како и на нови зелени појаси низ населените места во Скопје.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Мицкоски: На Врховен суд си ставија човек од кожната фотелја од...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос најавените протести доколку членовите на Судски совет на...