Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, го дочека на средба Хулуси Беќири, директор на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви.
Во оваа прилика, Села и Беќири разговараа за предизвиците за спроведување на Законот за употреба на јазиците во надлежните институции.
Директорот Села ја потврди поддршката на АПЈ за оваа агенција, нагласувајќи дека АПЈ е достапна за секоја институција што има потреба за јазична поддршка.