spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: И оваа сабота, градоначалникот Ѓорѓиевски одржува приемен ден за преку...

Кисела Вода: И оваа сабота, градоначалникот Ѓорѓиевски одржува приемен ден за преку 30 граѓани

Уште еден приемен ден се одржува денес за жителите од општина Кисела Вода. Преку 30 граѓани кои имаа потреба да се сретнат со градоначалникот Ѓорѓиевски денес лично ги изложуваат своите проблеми и заеднички дискутираат околу динамиката на нивното надминување.

 

Покрај тоа што на ваквите средби има можност за изворно информирање за проблемите и побрза реакција кога решавањето директно зависи од локалната самоуправа, од нив произлегуваат и бројни идеи за реализација на нови проекти. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека е отворен за сите вакви предлози од кои би можеле да произлезат идните приоритети на локалната самоуправа.

Приемните денови кои се одвиваат секојдневно, па и во денови на викенд, кога граѓаните имаат повеќе слободно време, ќе продолжат со несмалена динамика. Истите се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте