Општина Кисела Вода ги информира своите жители дека од 21.03.2022(понеделник) до 27 март (недела), ќе се одвива акција за подигнување на кабаст отпад. Преку сорaботка со ЈП “Комунална Хигиена” која ќе постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие.
Локациите на кои од понеделник може да се остава кабастиот отпад се следните :
1. УЗ Населба Драчево
ул. “Бранко Заревски” бр.17, Парк на бранители
2. УЗ Кисела Вода
ул. “Христо Татарчев” (главна) наспроти ЈГД 8-ми Март
3. УЗ Цветан Димов
ул. “Георги Димитров” (заден влез на СГУ Васил Антевски-Дрен)
4. УЗ Црниче
ул. “Наум Охридски” бб (пред УЗ Црниче)
Правилното одложување на кабастиот отпад има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење, а исто така на тој начин се спречува создавањето на диви депонии и грда слика за средината во која се живее. Се надеваме на совесното однесување на сите наши жители за кои се спроведува оваа акција.
Извор: Општина Кисела Вода