spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Адмирим Алити се сретна со холандскиот амбасадор Н.Е. Дирк Јан...

МИОА: Министерот Адмирим Алити се сретна со холандскиот амбасадор Н.Е. Дирк Јан Коп

Продолжување на успешната соработка беше во фокусот на работната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е. Дирк Јан Коп.

На средбата беа разменети мислења и се разговараше за силната холандска поддршка и помош во однос на проектите поврзани со реформата на јавната администрација, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата. Се разговараше и за останатите проекти на кои посветено работи МИОА, како што се дигитализацијата, сајбер безбедноста и медиумите.

 

Министерот Алити му се заблагодари на амбасадорот Јан Коп за континуираната поддршка од Кралството Холандија и споделувањето на искуствата во однос на реформските процеси, истакнувајќи ја заложбата за стручна, професионална и департизирана администрација.

 

 

 

 

 

Извор:  Министерство за информатичко општество и администрација 
 

Прочитајте

Илинден: Масовно пошумување на Ајватовски рид во рамки на проектот „Зелена...

0
Општина Илинден успешно ја спроведе големата акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Акција за пошумување се реализира во изминатиот период...