spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити се сретна со италијанскиот амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри

МИОА: Министерот Алити се сретна со италијанскиот амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри

Италијанските искуства поврзани со реформата на јавната администрација и дигитализацијата и можностите за соработка, беа меѓу темите за кои се разговараше на завчерашната работната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и амбасадорот на Италија Н.Е. Андреа Силвестри.

 

 

Заблагодарувајќи му се на амбасадорот за средбата која помина во конструктивна атмосфера, министерот истакна дека посветено и со забрзано темпо се работи на исполнување на сите предвидени активности со цел исполнување на европските стандарди на патот кон ЕУ.

Освен што го запозна амбасадорот Силвестри со тековните проекти на МИОА за модернизација и унапредување на администрацијата, Министерот Алити му ги претстави и идните чекори во таа насока, за што доби силна поддршка.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте