Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Кејт Мери Брнс.
На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти во Република Северна Македонија кои се од големо значење за развој на домашната економија, регионалното поврзување, но и подобрување на урбаното живеење во општините.
Посебен фокус беше ставен на комплетирање и модернизацијата на патниот и железничкиот Коридор 8 како стратешки проект од национален интерес, како и имплементација на Интелигентниот транспортен систем долж Коридорот 10.
„Поддршката што ни ја даваат САД на нашиот пат кон ЕУ интеграцијата е огромна. Соработката е на одлично ниво. Како земја која претендрира да стане членка на ЕУ имаме многу предизвици, особено во делот на инфраструктурните проекти, кои се многу значајни за нас и кои ќе придонесат за поефикасно регионално поврзување со соседите. Со поддршката од нашите пријатели продолжуваме на патот на развојот и просперитетот.“ – изјави министерот Бочварски.
Министерот Бочварски и амбасадорката Брнс ја истакнаа важноста од развојот на инфраструктурата заради полесна интеграција на земјата во европските патни и железнички системи.
Заеднички ја потврдија одличната соработка со заложба дека добрите меѓусебни односи ќе продолжат и дополнитено ќе се продлабочат во периодот што следи.