spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба на министерот Тупанчески со заменик амбасадорот на Германија во Македонија,...

МП: Средба на министерот Тупанчески со заменик амбасадорот на Германија во Македонија, Граф и регионалниот проектен раководител при Германската фондација за меѓународна правна соработка, Пирнер

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески оствари средба со заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Ото Граф и регионалниот проектен раководител при Германската фондација за меѓународна правна соработка, Штефан Пирнер.

На средбата се разговараше за можностите за проширување на соработката со Сојузна Република Германија при размена на академски и практични искуства за голем број законски решенија особено во делот на правната рамка која го опфаќа инструментот конфискација.

 

Министерот извести дека реформските процеси се одвиваат со забрзано темпо и дека Законодавната агенда е заокружена со сет закони кои што се наоѓаат во Собраниска процедура.
Поддршката што ИРЗ ја дава при имплементација на разни проекти, иницијативи за соработка, публикации, одржување и присуство на настани и состаноци со посебен фокус на правните случувања се од исклучително значење за зголемување на ефикасноста на нашиот правосуден систем во целина.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...