spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Тупанчески оствари средба со директорот на Агенцијата за управување со...

МП: Министерот Тупанчески оствари средба со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Асани

На средбата се разговараше за потребата од промена на досегашниот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка. За таа цел, соговорниците изразија согласност за формирање на работна група во рамки на Министерството за правда која ќе работи на изготвување на ново современо законско решение кое ќе одговара на реформираниот правосуден систем.

Воедно, министерот Тупанчески предложи потпишување на договор за интероперабилност помеѓу Министерството за правда и Агенцијата,  со што ќе се добие на ефикасност, ефективност и оперативност во работењето, врз основа на сите претходно детектирани процесни слабости за сметка на искористување на предностите и придобивките што ги нуди процесот на дигитализација.

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...