spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Работна средба на министерот Тупанчески со претставници од Блупринт групата за...

МП: Работна средба на министерот Тупанчески со претставници од Блупринт групата за реформи во правосудството

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески оствари работна средба со претставници од Блупринт групата за реформи во правосудството, со цел зајакнување на улогата на граѓанските организации во обезбедувањето на континуитет при спроведувањето на реформите во правосудниот сектор.

Со Блупринт групата која активно ја следи Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, министерот Тупанчески разговараше на повеќе актуелни теми како подготовките за почетокот на новата Стратегија, како и очекувањето за реформите кои ќе бидат вградени во новиот стратешки документ да одговорат на новите предизвици.

Соговорниците се сложија дека соработката е важна при заедничкото делување во градење на ефикасен правосуден систем и дека граѓанското општество ќе продолжи да биде вклучено во повеќе процеси во ресорот правда.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...