spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Чисти дворови, нови садници и бојадисани клупи, заврши втората голема акција...

Центар: Чисти дворови, нови садници и бојадисани клупи, заврши втората голема акција за чистење во училиштата

Општина Центар ја организираше втората голема акција за чистење и зазеленување на сите осум основни училишта во општината. Во акцијата се вклучија градоначалникот Горан Герасимовски, вработени од секторот за одржување на јавна хигиена, наставници, ученици, родители и граѓани кои сакаа да го дадат својот придонес во одржувањето на чиста околина.

Градоначалникот Герасимовски рече дека општината оваа акција ја организира со цел да се подигне јавната свест за чиста животна средина кај учениците но и кај граѓаните воопшто.

„Ова е наша втора голема акција за чистење во училишните дворови и не запираме тука. Нашата цел е да ја подигнеме јавната свест за правилно одложување на отпадот но и да ја смениме перцепцијата на граѓаните. Мора да се навикнуваме на чиста околина и јавна хигиена која зависи само од нас. Овде во училиштата сакаме да им покажаме на младите дека училишните дворови може да бидат поубави доколку го нема сметот“, изјави Герасимовски.

Покрај чистењето на дворовите од суви листа и комунален отпад беа засадени 300 Темјанушки, зимзелени садници, а онаму каде што имаше потреба се бојадисаа старите и излитени клупи на училиштата.

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...