spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Триесет години дипломатски односи со Словенија

МНР: Триесет години дипломатски односи со Словенија

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Амбасадата на Република Словенија во Скопје организираа свечен настан по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија.

Пред присутните гости се обрати министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, кој истакна дека Република Словенија е меѓу првите држави што ја признаа Република Северна Македонија, и, прва, која склучи дипломатски односи со нашата земја, во моментот кога нашата држава била соочена со егзистенцијална криза. „ Денешниот ден, за нас не е само церемонија, туку и суштинска точка на пријателство меѓу двете земји и има подлабок традиционален контекст од минатото, но за мене уште поголема и подлабока перспектива за иднината“, нагласи министерот Османи.

 

Во продолжение на своето обраќање, Oсмани посебно се осврна на руската инвазија во Украина и опасноста од прелевање на кризата во Западниот Балкан, поради заостанати нерешени прашања и незаокружената европска приказна. Словенија успеа да ја задржи европската перспектива на регионот високо на агендата на европските институции, а завршување на овој процес ќе значи и суштински придонес за стабилноста пред сé на регионот, но и на целиот континент, истакна Османи.

Свое видео обраќање пред присутните имаше и министерот за надворешни работи на Република Словенија Анже Логар, кој накратко се осврна на билатералните односи и успешната соработка меѓу двете пријателски земји во изминатите 30 години, реафирмирајќи ја поддршката на Словенија за европската интеграција на нашата земја. Словенија силно се залага за брза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, што беше потврдено и за време на последното претседавање на Словенија со Советот на ЕУ во втората половина 2021 година.

Присутните ги поздрави и амбасадорот на Република Словенија во Скопје, Милан Предан, а на настанот настапи хорот Франце Прешерн.

Во рамките на активностите за одбележување на оваа 30 годишнина, во дворот на Институтот за земјоделство ќе биде засадена најстарата винова лоза во Европа. Воедно, нашата Амбасада во Љубљана организираше пригодни активности за одбележување на овој значаен датум во односите на Северна Македонија со пријателската Словенија.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте