spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Интегрирање на климатските промени во просторното планирање во нашата држава

МЖСПП: Интегрирање на климатските промени во просторното планирање во нашата држава

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска одржа координативна средба со заменичката на постојаниот претставник на УНДП, Сања Бојачиќ, на која се разговараше за интегрирањето на климатските промени во просторното планирање, односно при изработката на новиот Просторен план на РСМ за период 2021-2041г, со цел да се направи подобра проценка на идните ризици од климатските промени, и кско најдобро да се подготвиме за можностите што истите ги носат.

На средбата беше презентирана онлајн платформата, која ја подржува имплементацијата на методологијата за вклучување на климатските промени при планирањето на просторот во државава, но и при изработката на сите урбанистички планови од пониско ниво. Со оваа дигитална алатка, отворени се можностите за креирање отпорност кон климатските промени, на кои при креирање на новиот Просторен план на РСМ се гледа како на еден од водечките принципи за просторно планирање во државата.

Заменик министерката Оџаклиеска на средбата изрази задоволство од досегашната успешна соработка на Министерството за животна средина и просторно плaнирање и  Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), што ќе биде од голема важност за квалитетна изработка на овој комплетен и највисок плански развоен документ, кој ќе понуди јасна визија и насоки за долгорочно и најсоодветно користење на просторот во нашата држава со сите свои расположливи ресурси.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...