spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Состанок со градоначалниците на Североисточниот плански регион на тема изработка на...

МЖСПП: Состанок со градоначалниците на Североисточниот плански регион на тема изработка на Просторен план

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, како дел од подготвителните активности за изработка на Просторен план на Република Северна Македонија имаше координативен состанок со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион.

Се разговараше за законската основа и процедурите за донесувањето на  Просторниот план, за неговото значење како највисок просторно-плански документ на нашата држава, како и за визијата и најдобрите насоки за најсоодветно користење на просторот на државата со сите ресурси.

Притоа, беше потенцирана и клучната улога на општините и Центрите на сите плански региони во државата во процесот на обезбедување на документација и информации потребни за подготовка на овој документ, кој ќе овоможи побрз и одржлив социо-економски и регионален развој, прилагоден на современите потреби на граѓаните.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...