spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Нуредини оствари средба со амбасадорката на САД, Мари Брнс

МЖСПП: Нуредини оствари средба со амбасадорката на САД, Мари Брнс

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари протоколарна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во РСМ, Н.Е. Кејт Мари Брнс.

 

Во фокусот на средбата беше континуираната поддршка од страна на Соединети Американски Држави за имплементација на политиките и мерките кои произлегуваат од стратешките документи посветени на климатски промени, особено во делот на вклучување на приватниот сектор и локалната самоуправа, а од особен интерес е и Ревидираниот Национален Утврден Придонес (eNDC), кој има поамбициозни цели за ублажување базирани на потенцијалот за ублажување и на енергетскиот и на останатите сектори и кој разгледува области како вклучување на приватниот сектор и соработка со локалната самоуправа.

Министерот Нуредини се заблагодари на континуираната поддршка и соработка од страна на Амбасадата на САД и ги изрази своите заложби за конструктивно продлабочување на соработката во областа на животната средина и климатските промени.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...