На 9-та седница на Советот на Oпштина Охрид, советникот на Левица, Виолета Аврамоска, побара да се обезбеди сигнализација на две раскрсници во Охрид , раскрсницата на ул. Железничка и ул. Кленоец и раскрсницата на ул. Питу Гули и ул. Марко Нестороски.
Овие раскрсници се единствени во Охрид на кои има семафори, но тие не функционираат.
Движењето на раскрсницата на ул. Питу Гули и ул. Марко Нестороски има голема циркулација на возила , особено ул. Питу Гули, која е улица со предност на минување. Семафорите на оваа улица веќе веќе подолго време не функционираат , така што практично движењето на возилата кон центарот на градот во утринскиот период , од 7 и 30 до 8 часот, е многу отежнато.
Со оглед на тоа што во непосредна близина на оваа раскрсница се наоѓа ОУ ,, Христо Узунов”, вака без сигнализација, загрозена е и безбедноста на учениците, како и на другите пешаци.
Во овој дел наутро има еден полициски службеник, но со тоа не се постигнува никаков ефект, бидејќи училиштето работи во две смени, а треба да се има во предвид и големиот одмор кој го имаат децата.
Токму поради тоа, советникот на Левица предложи на оваа раскрсница да бидат вклучени семафорите се’ додека не се изнајде друго соодветно решение за обезбедување на раскрсницата.
Што се однесува до раскрсницата на ул. Железничка и ул. Кленоец, исто така беше предложено од советникот на Левица да бидат пуштени во употреба семафорите поради безбедноста на учесниците во сообраќајот, се’ до донесување на посоодветно решение од страна на стручните за тоа.
Извор: ЛЕВИЦА