spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Изработка на Стратегија на Локален економски социјален совет 2021 -2025

Куманово: Изработка на Стратегија на Локален економски социјален совет 2021 -2025

Во период од 25/05 до 28/05/2021 година во Ресторан „Грација“- Куманово се реализираат работилници за изработка на Стратегија за Локален економски социјален совет Куманово 2021 -2025.  Стратегија на ЛЕСС на Општина Куманово ќе послужи како основа за креирање на локални политики во делот на: економија , бизнис опкружување и социјала.

ЛЕСС функционира како консултативно и советодавно тело во кое членуваат претставници од: Општина Куманово, Организација на работодавачи на Македонија , Сојузот на синдикати на Македонија, РСС Куманово, Агенција за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Куманово , ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи како и здруженија на граѓани.

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...