Во своето излагање, министерот Адмирим Алити истакна дека МИОА во континуитет презема активности за постигнување на резултати, насочени кон стратешкиот приоритет транспарентно, отчетно и демократско владеење со цел испорачување на услуги од страна на транспарентни, отчетни и одговорни институции, преку употреба на технологијата.
Во таа смисла, се осврна на дел од значајните процеси за забрзување на ефикасната испорака на квалитетни услуги преку иновативни и дигитални решенија, како што се: Извештај за проценка на дигитални вештини, Проект за Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет, Профил за дигитални иновации- во соработка со ITU, Национален портал за е-услуги итн. Министерот ја посочи и Националната стратегија за ИКТ 2021- 2025, а се планира и изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност 2022-2026 година.
Во однос на иницијативата Партнерство за отворена власт, министерот Алити рече дека во 2016 година со прифаќањето на „Заедничката декларација за Отворена влада за спроведување на Агендата за одржлив развој до 2030″, прифатена е определбата за интегрирање на принципите за одржлив развој во Агендата за отворена влада.
,,Во последниот циклус на подготовката на Националниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 година се продолжи со добрата практика за поврзување на заложбите од Акцискиот план со целите утврдени во Агендата за одржлив развој до 2030, особено со целта 16-,,Мир, правда и силни институции“, 3- ,,Добро здравје и благосостојба“ и 13- ,,Климатска акција““, рече министерот Алити.
Потенцираше дека со реализацијата на 23 заложби од НАП 5 во следните две години директно ќе се работи кон постигнување напредок за остварување на Целта 16, односно унапредување на ефикасноста, отчетноста, транспарентноста на институциите. Ќе се работи и на обезбедување напредок во Цел 3 и цел 13 за унапредување на задоволството на граѓаните од јавните услуги во образовниот и здравствениот сектор, но и за заштита на животната средина.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација