spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: На регионот му треба валоризација на успешната приказна на Северна Македонија

МНР: На регионот му треба валоризација на успешната приказна на Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, завчера во Брисел зборуваше пред членовите на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET), на чија агенда беше европското досие на Северна Македонија. На денешниот состанок, Османи пред членовите на Комисијата елаборираше за актуелностите во Република Северна Македонија, за регионалните предизвици, дијалогот со Република Бугарија и напорите да се постигне заемно прифатливо решение, но секако и за случувањата во Украина и поширокиот контекст на односи што тие случувања ги предизвикаа.

 

„Како што покажа историјата на европската интеграција, за Европската унија дополнително да ја зајакне својата стратешка глобална улога, треба уште еднаш да го преземе своето стратешко лидерство во политиката на проширување со Западен Балкан. Руската агресија покажува, на најтрагичен начин, колку е важно проширувањето на ЕУ и вградувањето на земјите од Западен Балкан за безбедноста, единството и демократската трансформација на континентот. Ние не бараме незаслужени награди, но би сакале нашата успешна приказна да биде валоризирана, особено во време кога на регионот, но и пошироко му требаат такви примери“, истакна Османи во обраќањето пред членовите на Комисијата за надворешни работи во ЕП.

За време на дискусијата, европратениците изразија поддршка за евроинтегративните процеси на Северна Македонија, беше потенцирано дека земјата се покажа како одговорен член на меѓународната заедница во придружувањето на осудата на воената агресија врз Украина, како и дека Западниот Балкан останува во врвот на стратешките приоритети на ЕУ и дека Европскиот парламент, преку своите механизми, ќе сѐ обидува да ја истакнува ваквата потреба.

Османи во ЕП имаше одвоени средби и со евро-пратениците; Илхан Ќучук,  ивестител на Европарламентот за земјава; Михаел Галер, координаторот на ЕПП во Комисијата за надворешни работи (АФЕТ); Тонино Пицула, координаторот на социјалистите во АФЕТ, како и со Дејвид МекАлистер, претседавач на АФЕТ и член на ЕПП. Исто така, посетата на Европскиот парламент беше одлична можност, Османи да има средба и со „Пријателите на Северна Македонија“ во Европскиот парламент, група која е составена од наши поддржувачи во ЕП и кои доаѓаат од различни парламентарни групи во ЕП.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте