Кога станува збор за креирање на политики за млади, промовирање на европски вредности и програми, како Еразмус+ И Европски солидарен корпус, здружени можеме повеќе и подобро.
Во Софија се одржа третиот состанок на четвртата Работна група за билатерална соработка меѓу Република Северна Македонија и Бугарија која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Националната агенција на Бугарија потпишаа меморандум за соработка. Овој меморандум ќе креира платформа за соработка помеѓу двете агенции кои заеднички ќе работат на промоција на двете програми и акциски план за идни активности кои ќе се реализираат во Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Инвестицијата во младите е придобивка за сите и никој не треба да биде изоставен.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност