Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување вештини на професионална продажба преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да направат истражување за потенцијалниот клиент и да соберат доволно информации за претстојната презентација на услуги/производи; да испланираат и да обмислат исходи од процесот; да употребат комуникациски техники и алатки на продажба; да употребат продажни техники/тактики; да создадат околности за продажба; да затворат продажба и да склучат договор; да се справат со можни приговори и друго.
Опфат – теми
- Што е продажба?
- Познавање на производот/услугата
- Истражување и изнаоѓање информации за можни клиенти (lead sourcing)
- Продажен процес
- Профилирање на клиентите
- Планирање и обмислување добро оформени исходи
- Комуникациски вештини при продажба
- Поставување прашања при продажба
- Вештини на слушање при продажба
- Техники (тактики) на продажба
- Презентациски вештини при продажба
- Созадавње околности
- Техники на затворање (closing)
- Склучување договори
- Справање со приговори
- 5 битни чекори во продажниот процес
- Процес на продажба и продажни техники
- Постпродажни односи
- Друго
Целна група
Оваа обука е наменета за сите вработени кои се директно вклучени во процесот на продажба, како и учесници кои сакаат да се стекнат со професионални продажни вештини.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер, со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
- Обуката е дводневна. Вкупно 12 часа при физичко присуство.
- Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува еднаш неделно, во период од 4 недели.
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686