spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

ДЗС: Доктор на науки, 2021

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, звањето доктор на науки го стекнале 201 лице, што претставува зголемување за 15.5 % во споредба со 2020 година.

Најголем број од лицата докторирале во областа на здравство и социјална заштита, 23.4 %, потоа на општествени науки, новинарство и информирање докторирале 17.4 %, следат бизнис, администрација и право со 15.9 %, уметност и хуманистички науки со 11.4 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

115 жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2021 година, што претставува 57.2 % од вкупниот број лица што докторирале во истата година.

Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 30.8 % ја вршат својата професија во образовната дејност.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...