Синдикатот за угостителство и туризам дава целосна поддршка на братските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС кој својот револт ќе го
искажат на протест на 30 март.
Правата на вработените не се подарок, за да некој им ги подари, туку се заслужени и следуваат согласно законите, колективните договори и конвенциите на Меѓународната
организација на трудот коишто Македонија ги има ратификувано.
Како Конфедерација, но и како синдикат, го поддржавме зголемувањето на минималната
плата на 18,000 денари.
За жал, проблемите на вработените не завршуваат тука, бидејќи
потребно е останатите плати да се усогласат со растот на минималната плата.
Доколку работници со различна сложеност на работните задачи земаат исти плати, мотивацијата за извршување на работните задачи значително ќе се намали, со што ќе се
намали и нивната продуктивност, а земајќи ја во предвид јавната администрација, тоа
може лошо да се одрази на самата држава и граѓаните.
Решението на проблемот е многу лесно и тоа се состои само од зголемување на бодот од страна на Владата.
Затоа потребно е да се исполнат барањата на нашите братски синдикати, со кои ние се солидализираме и безрезервно ги поддржуваме.