spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГерасимовски: Нема да дозволам злоупотреба на ниту една педа државно земјиште, за...

Герасимовски: Нема да дозволам злоупотреба на ниту една педа државно земјиште, за случајот кај „Тифани“ ќе пуштиме жалба

По последните написи во медиумите за Решението за одземање на правото на користење на државното земјиште на катастарската парцела КП 11842/1, близу зградата „Тифани“, во надлежност на Општина Центар, од страна на Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје, Ве информираме дека Општина Центар веќе подготвува жалба за предметот.

Имено, ДУП-от – Централно градско подрачје на Град Скопје – Мал Ринг, планот за локацијата од интерес на јавноста, со измените и дополнувањата од 21.12.2012, на градежната парцела бр. 5.9.1. во чии рамки се наоѓа катастарската парцела 11842/1, од која дел е во државна сопственост, предвидува градби од категорија А2, односно Домување во станбени згради.

Градежната парцела бр.5.9.1. е во сопственост на државата, каде трајно право на користење има Општина Центар, е со вкупна големина од 413 м2. (Од три расположливи катастарски парцели, оние кои се во сопственост на РМ се со површина од 22 квадратни метри и 90 квадратни метри, а најголема е парцелата која во Катастарот се води како државен имот врз кој право на користење има Општина Центар. Таа е со површина од 301 квадратен метар, но приватизација Управата за имотно правни работи ја одобрува на 185 квадратни метри).

Општина Центар повторно информира дека е затекната од Решението донесено од Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје при Министерството за финансии, со кое престанува правото на користење со градежното земјиште. Зачудува фактот што Управата воопшто не ја исконсултирала општината на било кој начин.

Општина Центар во овој случај ќе ги искористи сите правни средства и лекови за да се поништи донесеното Решение од Управата за имотно правни работи.

Повторуваме, ставот на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е јасен – општината нема да дозволи злоупотреба на ниту една педа државно земјиште.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...