Здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип дава поддршка на протестот кој го организираат дел од гранските синдикати при КСС кој ќе се одржи во среда на 30.03.2022.
Од Здружението Гласен текстилец добивме поддршка за нашите идни активности како и нивно присуство на претстојниот предупредувачки протест.
КСС ја цени секоја заложба на сите чинители во општеството кои се залагаат за социјална правда за сите работници.