Директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари работна посета на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија каде што се сретна со директорите на клиниката проф. д-р Дејан Докиќ и г. Суат Шаќири.
Целта на посетата беше да се согледа состојбата околу примената на Законот за употреба на јазиците во функционирањето на Клиниката.
Директорот Села истакна дека му е задоволство што менаџментот на Клиниката демонстрира отвореност за соработка со АПЈ во интерес на имплементација на законските одредби за што се преземени и активности за промена на таблите, службениот печат, штембилите, меморандумот на службените акти на клиниката итн.
Воедно, достави и публикации во издание на АПЈ, и изрази отвореност за соработка околу превод и лекторирање општи акти, потврди, обрасци што ги изготвува Клиниката.
Двете страни ги реафирмираа своите заложби за понатамошна соработка во интерес на пациентите како крајни корисници на здравствените услуги.