spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Остварена средба на државниот секретар г-ѓа Размена Чекиќ-Дуровиќ со Дејвид Моран...

МЕ: Остварена средба на државниот секретар г-ѓа Размена Чекиќ-Дуровиќ со Дејвид Моран (COP26 УН Регионален амбасадор за Европа, Централна Азија, Турција и Иран)

Државниот секретар во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ оствари средба со Дејвид Моран (COP26 УН Регионален амбасадор за Европа, Централна Азија, Турција и Иран).

Државната секретарка му посака добредојде на Амбасасорот Моран и изрази задоволство за одличната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Велика Британија. На средбата беше констатирано дека има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување и зајакнување на билатералната трговија и зголемувањето на британските инвестиции во земјата.

Државниот секретар нотираше дека Велика Британија е рангирана на 2-то место со кого Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена со светот во 2020 година и 2021 година .

Дискусиите се фокусираа и на национално определените придонеси на Република Северна Македонија во Парискиот договор, енергетската и климатската политика која ја спроведува Владата, како и напорите и предизвиците за справување со климатските промени во државата и регионот.

Амбасадорот Моран информираше за претстојната 27-та сесија на Конференцијата на страните (COP 27) на UNFCCC која ќе се одржи ноември 2022 година во Египет.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...