spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВебинар во организација на Центарот за обука на СЕП во соработка со...

Вебинар во организација на Центарот за обука на СЕП во соработка со колегите од Р. Грција

Во рамки на соработката со Република Грција, а под склучениот Меморандум за разбирање, Секретаријатот за европски прашања, како координатор на активностите под истиот, организира обуки на теми во кои грчките партнери можат да понудат вредни информации и искуства.

 

На 28.03.2022 г. понеделник, се одржа вебинарот на тема „Governance of Energy Community and the Regulation 1999/2018“. На вебинарот државните службеници од министерството за економија, министерството за животна средина и просторно планирање, органи во состав, Секретаријатот за европски прашања, како и претставници од субјектите на енергетскиот пазар, ја имаа можноста да го слушнат грчкото искуство во преточување на оваа регулатива на ЕУ во конкретни планови и документи.

 

Ваквите настани отвораат можности за развивање на дополните активности во доменот на јакнење на административните и институционалните капацитети под овој Меморандум, или пак посебни поединечни соработки, а отвора можности и за користење на инструментите на ЕУ, ТАИЕКС и Твининг.

 

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте