spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Симулација на Енергетски самит - Конкретни мерки за заштита на животната...

МТВ: Симулација на Енергетски самит – Конкретни мерки за заштита на животната средина

Во организација на фондацијата Фридрих Еберт во просториите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип се одржа симулација на Енергетски самит, со учество на Претседателот на Владата и учество на економските ресори на Владата.

На оваа симулација присуствуваше и претставник од Министерството за транспорт и врски кој во своето излагање ги образложи мерките и проектите што ги реализира Министерството во насока на заштита на животна средина и во процесот на декарбонизација.

„Клучно за ефикасна енергетска транзиција е квалитетната инфраструктура. Министерството за транспорт и врски преку голем број проекти ја гради, модернизира и подобрува патната и железничката инфраструктура во земјата. Вложуваме преку 1 милијарда евра во изградба на патната мрежа и преку 620 милиони евра за изградба на железничката мрежа. Исто така, високо на нашата агенда е и гасификацијата, како начин да се замени енергијата од фосилните горива и која ќе придонесе за значително намалување на аерозагадувањето.“ – изјави Братољуб Шурлановиќ, службеник за млади при Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски дава поддршка на ваквите проекти и настани кои имаат за цел подигнување на свеста кај младите за нивното учество во креирањето на развојни политики.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...