Македонскиот борач Владимир Егоров се закити со златниот медал од Европското првенство во борење откако во финалето во категоријата до 57. кг славеше над Алиабас Разазаде.
Ова е втор медал за Егоров од борилиштата откако на претходното Европско првенство се закити со сребрен медал.
Егоров во финалето кое се одржа во Будимпешта го победи Алијабабас Рзазаде со 10:0!
Македонија го привлекува европското и светското внимание нижејќи спортски успеси!
Од другите наши претставници, Бесир Алили имаше одличен старт во категоријата до 61 килограм победувајќи го Адам Баибулатов од Франција 11-5. Во четврфиналето се сретна со Арсен Харутјунјан (Ерменија) и загуби со 0-5.
Алили чека Ерменецот да се пласира во финале за да се бори во репасажот.
Нашиот најголем адут за медал на ЕП не успеа во репасажот, Могамедгаџи Нуров (97) е поразен 0-5 од Батирбек Цакулов од Словачка.
Извор: Агенција за млади и спорт