Од страна на Советот на Европа 25 лаптопи во вредност од над 14,000 ЕУР беа донирани на Министерството за правда наменети за поддршка на неговите подрачните одделенија и зајакнување на нивната улога како даватели на бесплатна правна помош.
За време на примопредавањето, Министерот за правда д-р Никола Тупанчески се заблагодари за поддршката од Европската Унија и Советот на Европа наменета за Министерството за правда и неговите подрачните одделенија, истакнувајќи ја важноста на оваа донација во процесот на обезбедување на бесплатна правна помош за граѓаните и еднаков пристап до правдата за сите.
Раководителката на оперативно работење на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, г-а Лејла Дервишагиќ ја подвлече постојаната соработка со Министерството за правда во обидите за унапредување на системот за бесплатна правна помош, како и градење општество каде пристапот до правдата е еднаков за сите.
Постоењето на ефикасен систем за бесплатна правна помош за оние коишто немаат доволно финансиски средства е важен елемент за обезбедување на ефективен пристап до правда, во согласност со Европските стандарди.
Донираната опрема се состои од 25 лаптопи во вредност од над 14,000 ЕУР и е обезбедена преку заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа за “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на клучните актери во Северна Македонија во напорите да ги зајакнат ефикасноста, квалитетот, пристапноста и свеста за бесплатната правна помош во Северна Македонија.
Оваа иницијатива, дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022” што се спроведува во блиска соработка со Министерството за правда на Република Северна Македонија.
Извор: Министерство за правда