Согласно членовите 26 и 27-а од Законот за квалитет на амбиентен воздух (Службен весник на Република Македонија бр. 67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12, 100/12, 10/15, 146/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/21), Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:
ЛИСТА НА ЗОНИ И АГЛОМЕРАЦИИ
кај кои биле констатирани надминувања односно каде што нивоата на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух ги надминуваат граничните или целните вредности, како и која и да било релевантна маргина на толеранција, односно каде што постои ризик нивоата на загадувачки супстанции да надминат еден или повеќе од праговите за алармирање за 2021 година.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање