spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Соработката со граѓанските организации продолжува, заедно креираме политики и мерки од...

МТСП: Соработката со граѓанските организации продолжува, заедно креираме политики и мерки од кои придобивка имаат граѓаните

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска одржа средба со Акција Здруженска- платформата за родова еднаквост, на која се разговараше за развојот на политиките за родовата еднаквост, буџетското распоредување во однос на сервисите на услуги и нивната одржливост и политиките за вработување и заштита од дискриминација особено во руралните средини.

 

Здружението укажа на предизвиците со кои се соочуват со сервисите на услуги и потребите од промени на политиките за родова еднаквост со што ќе можат жените особено од руралните средини да се вклучат во пазарот на трудот.

Министерката Тренчевска истакна дека прашањето за вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд  е особено значајно и преку заедничка соработка на Министерството, Агенцијата за вработување и  граѓанските организации ова прашање ќе биде едно од приоритетните, во периодот кој следува.

„Да ги мотивираме жените кои немаат ниту еден ден работен стаж да се регистритаат во АВРМ за да можат да ги користат активните политики кои ги спроведува Владата. Во вклучувањето на жените на пазарот на трудот и вадење од социјален ризик треба да се вклучат и локалните женски организации како поддршка“, рече Тренчевска.

На средбата се разговараше и за потребата од јавна кампања за поголемо информирање на руралната жена, како и условите за стекнување на право на пензија на жените земјоделки, мерки за излез од неформалната економија и воспоставување на нови видови сервиси согласно потребите.

Соговорниците изразија уверување дека воспоставената соработка ќе продолжи и ќе се продлабочи, и ваквите средби ќе станат редовна пракса, со цел испорака на видливи резултати од кои придобивка имаа сите граѓани.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте